Меѓународните експерти продолжуваат со истрагата за падот на малезискиот авион

Меѓународните експерти со полициски кучиња открија уште човечки отстатоци и лични работи на местото на падот на малезискиот авион во регионот контролиран од сепаратистите во источна Украина. Седумдесет холандски и австралиски експерти беа на местото на несреќата втор ден и покрај судирите меѓу проруските сепаратисти и украинските сили кои се одвиваат во близина. Сите 298 луѓе кои беа во авионот загинаа при падот на 17 јули, а повеќе од 220 ковчези беа испратени во Холандија. Во меѓувреме, Киев тврди дека провладините сили заземале два клучни града на границата со регионите Луганск и Донецк со што всушност го пресекле врските меѓу проруските сепаратиси во двата региона.