Кина соопшти дека во регионот Ксинјанг се убиени осомничени терористи

Кина соопшти дека полицијата во западниот регион Ксинјанг убила девет осомничени терористи и привела еден осомничен во рацијата. Кинеската државна агенција Ксинхуа вчера соопшти дека акцијата се случува во префектурата Хотан без да даде дополнителни детали. До неа дојде откако голема група вооружена со ножеви ја нападна полициската станица и владините канцеларии во градот Еликску на 28 јули. Според извештаите околу сто луѓе загинале за време на насилствата. Ујгурите кои се во егзил потврдија дека повеќето од убиените се етнички Ујгури. Имамот на најголемата џамија во Кина исто така е убиен деновиве во градот Кашгар. Ујгурите имаат муслиманско турско потекло а живеат во областа со векови.