Порошенко вети предвремени парламентарни избори

.

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека неговата земја ќе одржи предвремени парламентарни избори додавајќи дека воениот конфликт со проруските сепаратисти на истокот на земјата не семе да се дозволи да ги одложи економските реформи. Во вчерашното телевизиско интервју тој рече дека есента ќе има нов парламент кој ќе почне со реформите без да даде можен датум кога би се одржале изборите. Очекувањата Порошенко да распише парламентарни избори кои редовно би требало да се одржат во февруари 2017 година, дојдоа по распаѓањето на мнозинската коалиција во парламентот на 24 јули. Порошенко исто така на 31 јули го потпиша и новото законодавство со кое зголемуваат буџетските пари за војската.