Убиени четворица азербејџански војници

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека четворица нивни војници се убиени денеска во близина на отцепениот регион Нагорно Карабах. Во соопштението министерството наведува дека четворицата загинале во судир со ерменските групи за саботажа и дека азербејџанските единици го одбиле нападот. Размената на оган меѓу азербејџанските и ерменските сили се зачести деновиве. Вчера азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека ерменската војска ги нападнала нивните позиции, а убиени се и осум азербејџански војници во претходните три дена. На 31 јули властите на Нагорно Карабах соопштија дека три нивни војници биле убиени во напад на азербејџанските сили. Претставници на ОБСЕ изразија загриженост за насилствата и побараа прекинот на огнот да се почитува.