Обама оцени дека Путин ги игнорира руските интереси

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека Соединетите држави направија се што можат да ја убедат Русија да го смени курсот во Украина каде што владата се бори со проруските сепаратисти. Зборувајќи во Белата куќа вчера Обама рече дека воспоставените санкции наметнаа доволна штета за Русија и дека тоа може да го доведе Путин да сака да ја реши украинската криза. Но тој нагласи дека рускиот претседател работел спротивно од најдобрите интереси за неговата земја. Претходно, Кремљ цитирајќи го Путин за време на телефонскиот разговор со Обама, објави дека тој рекол оти западните санкции за неговата земја биле контрапродуктивни. Во меѓувреме американскиот потпреседател Џо Бајден рече дека САД на украинскиот претседател Петро Порошенко ќе му обезбеди нови осум милиони долари како поддршка за зајакнување на безбедноста на границите на земјата.