Денеска топло време со температура до 33 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните и западните планиниски региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 24 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично, а температурата ќе достигне до 30 степени.