Загриженост за насилството на границата на Нагорно Карабах

Ерменски војник на границата на Нагорно Карабах.

Американскиот копретседавач на Групата Минск на ОБСЕ, Џејмс Варлик изрази загриженост поради порастот на насилството во близина на границата на отцепениот азербејџански регион Нагорно Карабах. Тој на твитер напиша дека прекинот на огнот мора да се почитува.

Ерменското министерство за одбрана ги обвини азербејџанските власти за последните судири. Според соопшетнието, бројката на азербејџански војници кои загинале е поголема отколку што тврди Баку. Медиумите јавија дека 9 азербејџански војници загинале во синоќешните судири со ерменските војници. Азербејџанското министерство за одбрана соопшти дека ерменски групи се обиделе да навлезат во територијата на земјата.