Могерини и Сикорски во трката за шеф на дипломатија на ЕУ

Федерика Могерини

Министрите за надворешни работи на Италија и Полска ќе се борат за функцијата шеф за надворешна политика на ЕУ, која сега ја извршува Кетрин Ештон. Кабинетот на италијанскиот премиер Матео Рензи соопшти дека ја номинирале министерката за надворешни работи Федерика Могерини. Во меѓувреме, полскиот премиер Доналд Туск изјави дека министерот за надворешни работи Радослав Сикорски е вистинскиот кандидат за позицијата.

Некои европски власти не ја прифаќаат Могерини, бидејќи е пријателски настроена кон Русија, додека други тврдат дека Сикорски е премногу критичен кон земјата.