Екстрадиран Михаилов осуден на доживотен затвор во „Детонатор“

Презентацијата на предмети запленети во акцијата „Детонатор“.

Симеон Михаилов, кој е осуден во отсуство на доживотен затвор во процесот за случајот „Детонатор“ бил синоќа екстрадиран од Италија синоќа. 35-годишниот Михаилов беше осомничен за обид за убиство на Драганчо Стименов во скопската населба Аеродром, како дел од кочанската група „Детонатор“. Михаилов е уапсен во Италија во август минатата година по распишана меѓународна потерница од македонските власти поради обвинение за учество во злосторничко здружување, обид за убиство и изнуди.