Почнува одбележувањето на Илинден

Во Крушево вечер ќе бидат отворени традиционалните научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“. Активностите почнуваат со посета на Спомен куќата на Смилевскиот конгрес полагање цвеќе пред споменикот на Даме Груев. На отворањето на средбите ќе биде прочитан Крушевскиот манифест, по што следува церемонија на подигање на бајракот на Крушевската Република. По повод 70 годишнината од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, денеска во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечена академија.