Нов инцидент во Нагорно Карабах

Нагорно Карабах

Властите во азербејџанскиот отцепен регион Нагорно Карабах, соопштија дека денеска азербејџански војници нападнале нивни позиции во северниот дел на регионот, при што убиле двајца припадници на војската на Нагорно Карабах.

Во меѓувреме, азербејџанското министертво за одбрана соопшти дека ерменските сили, во последните 24 часа, го прекршиле примирјето 96 пати.

Ерменија и Азербејџан се во долго-годишен спор околу Нагорно Карабах, а во инцидентите, само оваа година, досега биле убиени 20-тина војници.