Украинската армија прогласи едно-дневно примирје

Украина денеска соопшти дека прогласува едно-дневен прекин на воените операции против про-руските сепаратисти во источна Украина. Според образложението, овој потег е одговор на апелот на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун за прекин на борбите со цел да се овозможи пристап до местото на падот на малезијскиот патнички авион.