Времето денеска - нестабилно со дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата.

Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе биде до 31 степен.