Хрватската влада го усвои извештајот за поплавите

Хрватската Влада денеска го усвои извештајот за поплавите кои ја погодија земјата пред два месеци. Во извештајот е наведено дека две лица загинале, а штетата изнесува стотини милиони евра. Заменик-министерот за внатрешни работи Евелин Тонковиќ, на седницата на Владата изјави дека асанацијата на поплавениот терен е во тек и затоа вкупните трошоци не можат точно да се проценат.