Продолжуваат борбите во Појасот Газа

Појасот Газа остана без електрична енергија откако нејзинината централа била погодена од ракетен напад доцна вчера. Израелски воени претставници изјавија дека нападот не бил насочен кон фабриката, која обезбедува електрична енергија за 1,8 милиони луѓе во Газа. Борбите на палестинската територија продолжуваат откако неколкуте предлози за прекин на огнот беа одбиени. Палестински официјални лица изјавија дека повеќе од 100 луѓе биле убиени во Газа во изминатите 24 часа, од кои 25 утрово. Во меѓувреме, Агенцијата за помош на ОН соопшти дека кутија ракети била пронајдена во едно од училиштата во појасот Газа. Израел ги обвини милитантите на Хамас за доведување на цивилите во опасност со зачувување на оружје во згради како што се училиштата. Над 1.200 Палестинци, претежно цивили и 53 израелски војници се убиени во Газа по повеќе од три недели од борбите.