Безбедноста на воздушниот простор тема на конференција во Монтреал

Официјалните претставници на Светското цивилно воздухопловство и претставниците на индустријата одржаа специјален состанок за да разговараат за безбедноста на воздушниот простор во конфликтните зони, особено по соборувањето на малезискиот авион во Украина на почетокот од овој месец. Меѓународната организација за цивилна авијација е домаќин на средбата во Монтреал. Извори од воздухопловството информираат дека на состанокот веројатно ќе бидат слушнати повици за поголема моќ и овластувања на меѓународните сили за да може да интервенираат кога една земја нема да успее да ги предвиди заканите за нејзиниот воздушен простор. Меѓународната организација за цивилна авијација во моментов има ограничена улога и не може да каже каде авиокомпании да летаат, или да им каже на своите членови дали да го затворат или отворат својот воздушен простор. Известувања и советувања за опасност на одредени места и во одредени аеродроми се издаваат и од воздухопловните власти од матичната земја на авиокомпанијата и од земјите над кои се лета.