Косовската влада ќе соработува во истрагата за воени злосторства

Косовскиот премиер во оставка Хашим Тачи изјави дека косовската Влада ќе продолжи да соработува со специјалениот тим, кој ги истражува воените злосторства во Косово.

- Владата на Косово, ја оценува работата на тимот на Вилијамсон, како важен чекор кон воспоставување индивидуална одговорност, и става крај на неоснованите обвиненија, се вели во соопштението на Владата по повод извештајот на Клинт Вилијамсон, шеф на тимот за истрага на тврдењата за трговија со човечки органи за време на конфликтот во Косово.

Во соопштението се додава дека Косово ја докажало волјата за соработка во откривањето на воени злосторства со одлука на Парламентот за формирање специјален суд, кој ќе го разгледува случајот.