Палестинските групи подготвени за примирје со Израел

Напад врз Појасот Газа

Палестинските групи кои се борат со израелските сили во Појасот Газа соопштија дека се подготвени за 24 часовен прекин на огнот. Генералниот секретар на Организацијата за слобода на Палестина, Јасер Абед Рабо изјави дека по консултациите со палестинското лидерство, како и со Хамас и Џихад била донесена согласност за хуманитарно примирје. Се уште нема одговор од израелските власти. Повеќето обиди за примирје не успеаа.