Нацрт-амандманите на Уставот доставени до пратениците

Седумте нацрт - амандмани на Уставот, денеска ќе им бидат доставени на пратениците, откако Владата во петокот ги испратила до Собранието. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски информираше дека ќе закаже седница на Комисијата за уставни прашања на 25 август, а два дена подоцна и седницата на која ќе бидат изгласани. Нацрт - амандманите што ќе бидат изгласани потоа ќе одат на јавна дискусија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешките. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.