Нимиц-Спорот за името засега многу земји кои сакаат решение

Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

Медијаторот на ОН за спорот со името Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски изјави денеска дека проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено. Според него, прашањето за името засега многу земји вклучувајќи ги САД и Германија кои сакаат да се дојде до решение со оглед на случувањата во светот. Нимиц порача и дека ОН не преговараат за идентитетите на народите и ги оцени како конструктивни разговорите со Груевски.