Иванов-Решение за името само со конструктивност од двете страни

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на средба во претседателот Ѓорге Иванов во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со медијаторот на ОН, Метју Нимиц изјави дека до решение за прашањето за името може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Според соопштението, Иванов со Нимиц ја разгледал актуелната состојба и ја афримирал посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за спорот со името со Грција.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски исто така оствари средба со Нимиц на која присуствувал и новиот претставник на Македонија во процесот на преговори, Васко Наумовски. Попоски ги истакнал заложбите на земјата за решение и целосна посветеност на процесот.