Земјите со санкции против Русија, „агресори“

Руски парламентарци предложиле амандмани со кои државите што имаат воведено санкции против Русија да бидат означени како агресорски земји. Со нив, според весникот „Известија“ се отвора патот за можни рестрикции на странски компании кои работат во Русија. Претходно „Вол стрит џурнал“, повикувајќи се на дипломатски извори пред денешниот амбасадорски состанок во Брисел околу улогата на Москва во украинската криза, јави дека Европската унија планира да додаде уште пет лица, како и Збербанк и ВТБ банката на нејзината листа со санкции против руски компании и индивудалци. До состанокот доаѓа еден ден откако лидерите на САД, Британија, Франција, Германија и Италија се согласија за време на нивниот заеднички телефонски разговор да спроведат нови санкции врз Русија.