Борбите ги спречуваат меѓународните инспектори

Борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти повторно ги спречија меѓународните инспектори да дојдат до местото каде што падна соборениот малезиски авион во источна Украина. Холандското министертсво за правда соопшти дека холандските и австралиските експерти, поради денешните борби, не можеле да ја напуштат нивната база во Доњецк.