Вилијамсон: се уште без докази за трговија со човечки органи на Косово

Главниот обвинител на Еулекс во истрагата за наводите за трговија со органи на Косово и во Албанија во 1999 година, Џон Вилијамсон денеска во Брисел изјави дека се уште нема докази за тоа, но оти ќе ја продолжи истрагата. Според него, не постојат докази дека имало неколку стотици жртви на трговијата со органи, но оти злосторството е големо и ако станува збор за неколку случаи. Вилијамсон додаде дека некои делови на ОВК во 1998 и 1999 година воделе кампања на омраза против нивните политички противници,Србите и Ромите и оти притоа имало убиства и исчезнати луѓе. „Поединци не го правеле тоа случајно, туку биле раководени од луѓе во врвот на ОВК“, изјави Вилијамсон, додавајќи дека нема да бидат покренувани обвинувања се додека не се формира Специјален суд, односно до почетокот на идната година.