Хаменеи: геноцид во Газа

Врховниот ирански верски лидер Ајатолах Али Хаменеи

Врховниот ирански верски лидер Ајатолах Али Хаменеи го обвини Израел за геноцид во Појасот Газа и побара од муслиманите да ги вооружаат палестинците. Во денешниот говор во Техеран тој изјави дека Израел дејствува како „бесно куче“ и оти Хамас би требало подобро да се вооружа, а не да го предава оружјето. Иран не го признава постоењето на Израел. Во тринеделните борби меѓу Израел и Хамас загинале над 1070 палестинци, главно цивили и над 50 израелски војници.