Русија: јапонските санкции „непријателски“

Руското министерство за надворешни работи ги оцени како непријателски најавите на Јапонија да воведе санкции против оние за кои се верува дека се инволвирани во нестабилноста во источна Украина. Официјален Токио вчера соопшти дека ќе ги замрзне имотите и сметките во Јапонија на поединци и групи кои ја поддржуваат руската анексија на Крим.