Палестински милитанти убиле пет израелски војници

Израелски официјални претставници денеска соопштија дека милитанти од Газа преку тунел влегле во Израел при што убиле пет израелски војници. Инцидентот се случил во близина на израелската заедница Нахал Оз во близина на границата со Појасот Газа. Во престрелката бил убиен еден палестинец. Од почетокот на израелската операција на 8 јули досега, загинале 53 израелски војници, и најмалку 1073 палестинци, главно цивили.