САД -Русија го крши Договорот за нуклеарни проектили

Американската влада ја обвини Русија за спроведување на тестови кои го кршат договорот за нуклеарни проектили, за што Вашингтон вели дека е многу сериозна работа. Претседателот Барак Обама го известил рускиот претседател Владимир Путин за обвиненијата во писмо што му го испратил вчера. САД обвинува дека Русија тестирала нова ракета , со што го крши Договорот за нуклеарни проектили со среден дострел , што пред 27 години го потпишаа американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов. Вашингтон претходно изразуваше загриженост во врска со можни повреди, но ова е прв пат официјално да ја обвини Русија за кршење на договорот.