Нетанјаху предупредува за продолжена војна во Газа

Експлозии и истрели од автоматско оружје се слушаат во Газа додека израелските сили продолжуваат со нивните напад против Хамас,а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди на долга војна. Официјални претствници изјавија дека домот на лидерот на Газа Исмаил Ханијах бил погоден од израелска ракета при што била предизвикана само материјална штета. Најмалку шест Палестинци се убиени во Рафах а девет деца загинаа во експлозија во бегалски камп надвор од Газа. Израел соопшти дека нападите биле од ракета на Хамас , но палестински официјални лица го обвинуваат Израел за жртвите. Во меѓувреме, Нетанјаху изјави дека Израелците треба да се подготват за продолжена војна во Газа. Најмалку 1072 Палестинци загинаа, а илјадници се повредени во три неделните борби , додека од ракетите на Хамас загинаа 52 израелски војници и тројца цивили .