Недостасува оружје што САД им го дале на авганистанските сили

Според извештајот на Генералниот испектор за Авганистан недостасува оружје што било платено и купено од Соединетите Американски Држави за Авганистанските национални безбедносни сили. САД ги снабдија авганистанските сили со стотици илјади парчиња оружје, а Министерството за одбрана нема овластување да го повратат.Генералниот инспектор заклучил дека поради неспособноста на авганистанската влада да располага со оружјето, постои загриженост дека оружјето би можело да го добијат бунтовниците и оти тоа претставува дополнителен ризик за авганистанските цивили и авганистанските национални сили за безбедност.Извештајот доаѓа во опасен момент во Авганистан. "Њујорк тајмс", објави дека талибанците остваруваат клучни достигнувања во близина на Кабул, надвор од нивните упоришта.