Меѓународните експерти за падот на авионот ја откажаа посетата на Украина

Тимот меѓународни инспектори ги откажа плановите за посета на местото каде што падна малезискиот авион во Украина поради борбите меѓу проруските бунтовници и украинската војска. Александар Хаг, заменик шеф на мисијата на ОБСЕ која ја надгледуваше ситуацијата во Украина, рече дека имале индикации оти таму имало борби и дека ситуацијата изгледала небезбедна. Претходно имаше извештаи дека холандските и австралиските експерти меѓу кои и полицајци ќе одат до местото на несреќата откако беше постигнат договор меѓу ОБСЕ и лидерите на сепаратистите.