Сирија : бунтовниците урнале воен хеликоптер, четворица мртви

Четири лица загинале откако сириските бунтовници со ракета урнале борбен хеликоптер над едно од најсиромашните предградија на северниот сириски град Алеп. Ова во Бејрут го објавиле активисти од сириската опсерваторија за човекови права. Меѓу загинатите има и едно дете.

Силите на сирискиот претседател Башар ел Асад користат хеликоптери за фрлање на запалливи бомби од кои до сега загинаа илјадници лица а причинета е и огромна материјална штета во градот Алеп.