Ставревски : Владата го усвои мини ребалансот на Буџетот

Владата на синоќешната седница го усвоила ребалансот на Буџетот и го доставила до Собранието на Република Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии,Зоран Ставревски. Како што истакна, станува збор за мини-ребаланс кој изнесува околу 2 отсто од вкупните приходи и расходи.

Тој посочи дека ребалансот се прави за да се усогласи динамиката на раелизација на расходите која, како што рече, била подобра од предвидувањата посебно во делот на инфраструктурата, со динамиката на приходната страна. Со ребалансот ќе се обезбедат дополнителни средства за реализација на инфраструктурни проекти, а буџетскиот дефицит ќе оствари благо зголемување од 3,5 на 3,9 проценти од БДП, истакна Ставрески.