Русија-Двајца вработени во метрото обвинети за несреќата

Спасувањето на жртвите од несреќата во метрото во Москва на 15 јули

Руските исражители соопштија дека покренале обвиненија против двајца вработени во метрото во Москва поради несреќата на почетокот на месецот во која загинаа 23 лица. Истражувачкиот комитет соопшти дека надзорникот на метрото Валери Башкатов и неговиот асистент Јури Гордов се обвинети за прекршување на прописите за безбедност. Двајца други вработени на метрото кои беа упасени по несреќата се очекува да бидат подоцна обвинети.