Парламентарна делегација на НАТО во посета на Грузија

Претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Хју Бејли

Претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Хју Бејли изјави дека ја поддржува интеграцијата на Грузија во НАТО. Бејли, кој е предводник на делегацијата во посета на Грузија нагласи дека собранието побарало од лидерите на земјите членки на НАТО да најдат начин за нејзина интеграција. Членството во НАТО е клучен приоритет на Грузија. Во 2008 година НАТО вети дека Грузија ќе стане членка во 2011 година, но земјата се уште го има статусот на апсирант.