Холандија и Австралија бараат пристап до местото на падот на авионот

Остатоци од малезискиот авион кој се урна во источна Украина

Холандскиот и австралискиот министер за надворешни работи, Франс Тимерманс и Џули Бишоп се во посета на Украина каде бараат дозвола за распоредување на меѓународни полициски сили на местото каде беше соборен малезискиот авион. Нивното барање доаѓа додека Украина денеска се подготвува да испрати уште тела на жртвите од Харкив во Холандија. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа во падот на авионот во источна Украина.