Могерини-Интеграцијата на Западен Балкан од стратешки интерес на ЕУ

Италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини

Италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски изјави денеска дека интeграцијата на земјите од Западен Балкан е од стратегиски интерес на ЕУ и мора да остане во сржта на еврпската политика. Могерини чија земја е претседавач со Европската унија порача дека иако е свесна оти спорот со името е круцијално прашање, Италија ќе помогне во преземањето напори за негово решавање. Според неа, Македонија треба да се фокусира на реформите во земјата и внатрешниот дијалог. Попоски изјави дека италијанското претседавање со ЕУ го покажува патот за интегрирање на регионот што е важен сигнал за Македонија бидејќи евроинтеграцијата нема алтернатива.