Талибанци убиле 14 цивили во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека талибанците убиле 14 лица кои патувале од Кабул во западниот дел на земјата. Според властите, вооружена група стопирала два минибуса и ги егзекутирала цивилите покрај патот. Меѓу загинатите има три жени и едно дете. Се уште никој не презема одговорност за нападот.