Напори за прекин на огнот во Газа

Дипломатските напори за завршување на судирот меѓу израелските сили и радикалното палестинско движење хамас се интензивираат. Израел ја разгледува можноста за прекин на огнот што го предложи американскиот државен секретар Џон Кери. „Ако Хамас го прифати американскиот предлог, можно е тоа до стори и Израел“, изјави еден израелски неименуван официјален претставник. Палестинскиот претседател Махмуд Абас навести дека наскоро е можно примирје. Во судирите кои почнаа на 8 јули, загинале над 800 палестинци и над 30 израеслки војници. Само во вчерашниот напад на северот на Појасот Газа биле убиени 15 палестинци, додека над 100 биле ранети во зграда во која се наоѓа училиште на Обединетите нации.