Шефот на италијанската дипломатија во посета на Македонија

Могерини на средба со ерменскиот министер за надворешни работи, Едвард Налбандиан во Брисел

Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија. Освен тет- а- тет средбата што тој ќе ја одржи со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Поповски,ќе има средби и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов како и со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими. Могерини во Скопје ќе допатува од Сараево каде што изјави дека Италија за време на шестмесечното претседавање со Европската унија посебно внимание ќе посвети на Западниот Балкан.