Украина-Двата авиони со телата на жртвите тргнале за Холандија

Двата транспортни авиони кои ги пренесуваат телата на жртвите од соборениот малезиски авион тргнале од Украина накај Холандија. Украинските власти претходно соопштија дека во ковчезите со телата на педесет и една жртва се очекува денеска да пристигнат во Холандија. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа при падот на авионот во источна Украина на 17 јули. Најголем дел од жртвите се Холанѓани.