Авионот на Ер Алжир се урнал

Авионот на Ер Алжир кој исчезна денеска за време на летот од Буркина Фасо до Алжир се урнал, соопшти претставник на алжирската авијација. Тој не даде дополнителни детали каде и која била причината за несреќата.

Алжирскиот премиер Абдел Малек изјави дека во авионот имало 119 патници и членови на екипажот. Според него, контактот со авионот бил загубен додека летал врз јужниот дел на Нигер. Меѓу жртвите има Алжирци и странски државјани.