Европскиот суд со осуда за Полска за прекршување на човековите права

Европскиот суд за човекови права соопшти дека Полска ја прекршила меѓународната конвенција за човекови права со тоа што не успеала да ја запре тортурата и нехуманиот третман на затворениците од страна на ЦИА во земјата. Според одлуката, двајца осомничени терористи биле транспортирани во Полска во 2002 година и биле измачувани во таен центар за притвор на ЦИА. Судот и нареди на Полска да им плати оштета од околу 100 илјади евра на двајцата осомничени.