Продолжува испораката на телата на жртвите во Холандија

Ковчезите со телата на жртвите од соборениот малезиски авион на аеродромот во Ајдховен.

Украинските власти соопштија дека ковчезите со телата на педесет и една жртва од соборениот малезискиот авион се очекува денеска да пристигнат во Холандија. Вчера во Холандија беа испратени ковчезите со телата на 41 жртва. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа при падот на авионот во источна Украина на 17 јули. Најголем дел од жртвите се Холанѓани.