Бугарскиот парламент ја прифати оставката на премиерот Орешарски

Пламен Орешарски

Бугарскиот парламент денеска ја прифати оставката на премиерот Пламен Орешарски, со што се создадени услови за предвремени избори во Бугарија на почетокот на октомври. По само една година на власт, премиерот Орешарски вчера поднесе оставка по слабите резултати на владејачката Социјалистичка партија на изборите во мај за европскиот парламент. Оставката на Орешарски доаѓа по повеќемесечна политичка криза во Бугарија и серија проблеми меѓу кои корупција, поплавите и кризата на банкарскиот систем.