Австралија испрати 50 полицајци за обезбедување на местото на падот на малезијскиот авион

Тони Абот

Австралија испрати 50 полицајци, кои треба да бидат дел од тимот на Обединетите Нации за обезбедување на местото на падот на малезијскиот патнички авион во источна Украина. Австралијскиот премиер Тони Абот изјави дека денеска министрите за надворешни работи на Австралија и на Холандија, во Киев ќе разговараат за потпишување меморандум, со кој ќе биде дозволено распоредување на мулти-националните полициски единици. Абот разговарал со украинскиот претседател Петро Порошенко и со претседателот на Русија Владимир Путин за потребата од обезбедување на местото на несреќата. 39 австралијанци беа меѓу 298-те загинати во падот на малезијскиот авион.