Брисел бара политички дијалог во Македонија

Единаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Македонија, кој се одржа во Европскиот совет во Брисел, донесе нова препорака за земјата да ги започне преговорите за членство во Унијата, како и да влезе во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација.

Во соопштението лиферувано по состанокот на Советот, се вели дека “Спогодбата за стабилизација и асоцијација останува суштина на односите меѓу ЕУ и Република Македонија до пристапување на земјата кон Унијата”.

На прес-конференција по состанокот, отсуствуваше комесарот Филе, кого го замени директорката во Директоратот за проширување, Александра Кас-Грање. .

- Дискутиравме и за критериумите што треба да се исполнат. Го поздравивме формирањето на коалициската Влада и презентацијата на програмата. Но, исто така повикуваме на конструктивен политички дијалог и посветеност на сите политички актери во земјата за предизвиците. Тоа ги вклучува меѓуетничките односи, со оглед на тоа што инцидентите последниве недели покажааа потреба од проактивност во обезбедувањето на мерки за доверба меѓу заедниците и целосна имплементација на Рамковниот договор, посочи Кас-Грање.