Продолжува пренесувањето на телата на настраданите

Повеќе тела на жртвите од соборениот Малезиски авион се очекува да бидат пренесени во Холандија денеска , по двата авини со кои беа пренесени 40 ковчези со телата на жртвите во холандскиот град Ајдховен На церемонијата вчера присуствуваа роднини на жртвите, холандскиот крал и кралица, премиеротот Марк Рут и претставници на други земји , кои загубуја свои граѓани. На аеродромот знамињата на 11-те земји, кои загубија граѓани во несреќата беа на половина копје. Во меѓувреме Украина соопшти дека вчера биле соборени два укрински борбени авиони со ракети кои биле истрелани од руска територија.