Ѓукановиќ-Динамиката за членство во ЕУ над очекувањата

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека до крајот на годината треба да се очекува земјата во преговорите со ЕУ да отвори уште 11 поглавја и оцени дека квалитетот и динамиката за членство во Унијата се над очекувањата.

Тој порача дека Црна Гора со добро темпо се движи во правец на остварувањата на дефинираните надворешно-политички цели. Ѓукановиќ односите со соседите ги оцени како „никогаш подобри“, потенцирајќи дека Црна Гора важи за фактор на стабилност во регионот.