Киргистан загрижен за испораката на гас од Узбекистан

Киргистанскиот премиер Јомарт Оторбаев

Киргистанскиот премиер Јомарт Оторбаев ги повика граѓаните и бизнисмените да се подготват на користење на јаглен во замена за природен гас за време на престојната зима. Според него, се уште не се знае дали Узбекистан ќе испорача природен гас во Киргистан во скоро време. Узбекистан ја прекина испораката на гас во Киргистан на 14 април, откако Бишкек ги продаде најголем дел од акциите на компанија во сопственост на Газпром.